Оние што мислат дека црнките се најлошото нешто на светот, сигурно никогаш немале поткожни мозолчиња. Истите кои најмногу болат, а се наоѓаат длабоко под површината на кожата.
Најтешката форма на акни се цистични мозолчиња кои никогаш не исчезнуваат. Поткожните мозолчиња не се вообичаен вид мозолчиња и тешко се третираат.
Зошто се појавуваат?
За разлика од црнките што можат да се појават поради погрешен начин на чистење на шминка или погрешна пудра, за поткожните мозолчиња најчесто се одговорни хормоните. Ова е причината зошто се чести пред менструалниот циклус.
Дали можат сами да исчезнат?
Да, и така е во повеќето случаи. Сепак, процесот трае долго и може да трае од неколку недели до неколку месеци. Најголем проблем е што ова ги зголемува шансите за појава на лузни.
Како да се ослободите од нив?
За жал, не постои волшебен домашен рецепт за третман на поткожни мозолчиња. Самото име кажува дека не се поврзани со површината на кожата, за да можеме да користиме, на пример, паста за заби. Станува збор за длабоко воспаление.
Најбрзиот начин да се ослободите од нив е да посетите дерматолог. Истиот може да ви даде инјекција со кортизон, но ова се случува само при екстремно силни воспаленија, кои ретко се појавуваат.
Ако поткожните мозолчиња се појавуваат редовно, треба да посетите дерматолог за да пронајдете решение. Некои опции се антибиотици и апчиња за контрацепција.