Потребни се 3 мали состојки и 15 минути: Совршени шпагети со ПОСЕБНА АРОМА ќе ви направат незаборавен ручек

popara28 мај, 20221min00
328856_spageteshutterstock-1624509769_ff

Дали сте замислиле готов ручек за неверојатни 15 минути? Веројатно ви изгледа невозможно.

Кога ќе дојде летото, на сите ни е најтешко времето поминато во кујната зад шпоретот, па добро би ни дошол брз ручек кој истовремено ќе не засити, а семејството ќе го воодушеви со својот вкус.

Потребни ви се четири работи, лук, шпагети, бело вино и маслиново масло.

За почеток, ситно исечкајте го лукот и ставете го да се пржи на многу маслиново масло, додека ги подготвувате шпагетите за варење. Внимавајте да не изгори и кога ќе видите дека е при крај на пржењето, налејте малку бело вино и пропржете уште малку додека да испари алкохолот.

Сварените шпагети истурете ги во тавата со лукот и по потреба додајте уште малку маслиново масло, а потоа измешајте ја смесата додека ја чувате тавата на рингла околу една минута.

По желба можете да додадете пармезан и да му послужите на семејството идеален неделен ручек кој е готов за не повеќе од 20 минути.

Вашиот специјалитет е готов, белото вино му дава посебен вкус на целиот ручек, но на вас е да ги откриете сите шармови на овој брз оброк и никому да не кажувате колку е лесно да се подготви.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma