Енди Флечер, клавијатурист на бендот Dеpeche mode, почина вчера на 60-годишна возраст.
Според Мирор, тој е еден од основачите на познатата музичка група.
Веста за неговата смрт беше објавена вчеравечер.
Бендот се огласи на социјалните мрежи со посвета.
— Depeche Mode (@depechemode) May 26, 2022
– Шокирани сме и исполнети со тага за смртта на нашиот драг пријател, член на семејството и бенд – стои во соопштението: – Беше навистина златно срце, вистинска потпора, личност за разговор и смеа. Нашите срца се со неговото семејство. Ве молиме имајте ги на ум и почитувајте ја нивната приватност во овие тешки моменти.