Почина ѕвездата од Брилијантин: Оливија Њутн-Џон се бореше со оваа болест со години, победи три пати, но ја загуби последната битка

popara9 август, 20221min00
25387_olivijaaa_f

Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави смртта на својата Фејсбук страница

Оливија Њутн-Џон почина на 73-годишна возраст.

Актерката вчера мирно почина на својот ранч во Јужна Калифорнија, опкружена со семејството и пријателите, пишува Дејли Мејл.

Нејзиниот сопруг Џон Истерлинг ја објави смртта на својата Фејсбук страница.

– Бараме сите да ја почитуваат приватноста на семејството во овој многу тежок период – рече тој.

– Оливија е симбол на триумф и надеж повеќе од 30 години во нејзиното патување со ракот на дојката. Нејзината исцелувачка инспирација и пионерско искуство со хербалната медицина продолжува со Фондацијата Оливија Њутн-Џон, посветена на хербалната медицина и истражувањето на ракот.

Семејството побарало наместо цвеќе да се донираат донации на нејзината организација за рак, Фондацијата Оливија Њутн-Џон.

Зад неа остана 36-годишната ќерка Клои Латанци и браќата и сестрите.

Седумдесет и тригодишната актерка пред четири години за австралиските медиуми потврди дека лекарите по трет пат откриле тумор, овој пат на нејзиниот рбет.

Како што изјави тогаш, заедно со радиотерапијата се лекувала и со природни методи, а во текот на лекувањето се трудела да остане оптимистична. Освен тоа, била сигурна дека овој пат ќе ја добие битката со оваа опасна болест.

Оливија првпат го победи ракот на дојката во 1992 година, додека втората битка со туморот на рамото ја доби пред девет години.

Поради нејзините здравствени потешкотии, таа одлучила да ја искористи својата слава, пари и влијание за да го основа „Оливија Њутн-Џон“ж велнес и истражувачки центар за рак во Мелбурн, Австралија“, кој има над 200 клинички испитувања во тек.

Неодамна, таа даде интервју за „NHK World Japan“, за време на кое разговараше за три одделни дијагнози и нејзината битка со ракот. Интервјуто беше спроведено откако ја доби наградата од јапонската влада за „музика, култура и пријателство“.

Оливија, која почина на 73 годишна возраст, беше цврст застапник на холистички пристап кон здравјето и животот. Нејзиниот сопруг Џон, е експерт за билни додатоци, кој поминал години истражувајќи ги џунглите во Амазонската прашума.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma