Се чини дека документарната серија на Нетфликс не им донесе популарност на принцот Хари и Меган Маркл кај британската јавност, туку сосема спротивно. Британските медиуми ги објавија резултатите од анкетата на YouGov за The Times, според која речиси половина од британската јавност смета дека на војводата од Сасекс треба да му се одземе кралската титула.
Само 32 отсто од испитаниците сметаат дека Хари треба да ја задржи титулата, а дури 44 отсто сметаат дека ја заслужува. Исто така, излезе дека контроверзниот документарец ја зголеми јавната поддршка за Вилијам и Кејт поради Сасексови. Имено, 44 отсто од анкетираните изразиле сочувство за принцот и принцезата од Велс, а само 17 отсто за Хари и Меган.
Анкетата покажала и дека 23 отсто од вклучените по серијата на Нетфликс мислат полошо за „побегнатиот принц“ и неговата сопруга, а само седум отсто сега имаат подобро мислење за нив.
„Изненаден сум што документарецот не им нанесе поголема штета. Беше болно да се гледа, сфатив дека се изгубени души. Воопшто не ме чуди што луѓето имаат повеќе симпатии за принцот и принцезата од Велс, затоа што сè поднесуваат стоички. Тие не се жалат на Хари“, изјави за Дејли Меил Том Квин, автор на книгата „Kensington Palace: An Intimate Memoir from Queen Mary to Meghan Markle“.