Се знае и кога ќе биде објавен
Музичарот Џеф Бек им откри на своите обожаватели дека објавува заеднички албум со Џони Деп. Приказните за соработката меѓу нив двајца се појавија на почетокот на 2020 година.
Бек, кому Деп му се придружи како гостин гитарист на неговата неодамнешна турнеја во Велика Британија, рече дека албумот ќе биде „објавен во јули“.
– Го запознав ова момче пред пет години и оттогаш не престанавме да се смееме. Ние всушност направивме и албум. Не знам како се случи. Ќе излезе во јули – им рекол Бек на фановите на сцената, а пренесува „Гардијан“.
Деп изведе обработки на песни на турнејата на Џеф Бек, вклучувајќи ги „Little Wing“ од Џими Хендрикс и „What’s Going On“ од Марвин Геј, пренесува „NME“.
Првото појавување на Деп во Обединетото Кралство со Бек беше во Шефилд минатата недела (29-ти мај), додека поротата го разгледуваше судењето на Џони за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд, кое тој го доби.