ПРАВИЛО „20 МИНУТИ“ ЗА ВРЕМЕ НА РАСПАВИЈА: Зачувајте ја врската со помош на овој едноставен совет

popara24 јули, 20221min00
Screenshot_20

Расправиите се составен дел од секоја врска – сосема е нормално не секогаш да се согласуваме со некого. Но, за да не ја уништиме врската со прекумерна агресија и гнев, треба да научиме да се расправаме

 

 

 

За време на конфликт, односно секој пат кога ќе се почувствуваме нападнати (физички или емоционално), во мозокот се јавува хемиска реакција. Крвта оди од префронталниот кортекс (делот одговорен за рационално одлучување) до моторната област за да не подготви за лет или борба.

 

– Тогаш не можете разумно да слушате. Не можете да сочувствувате, не можете да бидете креативни. Затоа луѓето често кажуваат работи што не ги мислат за време на конфликти. Најдоброто нешто што можете да го направите во тие моменти е буквално да направите чекор назад – изјавила психологот Џули Готман.

 

Правило „20 минути“.

Кога ќе забележите дека ситуацијата се интензивира и се вжештува, Готманова препорачува едноставно да се одморите:

 

– Во тој момент застанете. Сепак, не го оставајте разговорот без план. Не заборавајте да кажете кога ќе се вратите за да продолжите со разговорот. Ова е клучно, бидејќи ако не го направите тоа, а побарате пауза, вашиот партнер може да се чувствува напуштено или отфрлено – објаснува Џули и додава дека паузата може да трае од минимум 20 минути до 24 часа, но никогаш повеќе од еден ден.

 

Според психолозите, важно е за време на паузата да направите нешто што ќе ви го одвлече вниманието од конфликтот.

 

– Прошетајте, гледајте телевизија, слушајте музика, вежбајте јога или медитација – сè што го доведува вашиот ум во помирна состојба. На тој начин, кога ќе се вратите, вие сте мирни и разговорот целосно се менува – е мислењето на експертот.