Првата голема кавга меѓу младиот пар: Никола Пелц откри зошто Бруклин Бекам ѝ се налутил

popara2 ноември, 20221min00
bruklin-nikol-dejvid-viktorija-830x0

Никола Пелц и Бруклин Бекам не престануваат да ги полнат страниците на таблоидите откако се венчаа во април, а иако нивната врска со родителите на Бруклин привлече најголемо внимание досега, една од нивните кавги сега е под лупа на јавноста.

Никола откри дека Бруклин бил крајно лут на неа, не затоа што го скарала со остатокот од неговото семејство, туку затоа што не му дозволувала да се појави во нејзиниот филм.

Како што стојат работите, младата милијардерка Никола го режираше, продуцираше и глумеше во новиот инди филм „Lola James“, во кој Бруклин, инаку одличен аматерски фотограф, сакаше да ја има својата улога. Но, Никола не му го дозволи тоа. Рекла дека нејзиниот сопруг има прекрасно лице, но и ужасен британски акцент, поради што не се вклопува во темата на филмот.

Наводно, Никола му дозволила на сопругот да има една реченица во филмот, но на крајот дури и ја отсекла во монтажата и со тоа целосно го отстранила Бруклин од нејзиниот филм. Тој поради тоа се чувствувал навреден, а со денови ѝ бил лут, а младата убавица тврди дека се уште е малку лут.

– Сè уште ми е лут. Но, немаше што да се прави, звучеше страшно, премногу британско – рекла Никола за странските медиуми.

Иако многу се зборуваше за кавгата на Никола со родителите на нејзиниот сопруг, Викторија и Дејвид Бекам, се чини дека љубовта меѓу младенците се уште цвета. Се шпекулираше дека главната причина за кавгата меѓу Никола и Викторија е организирањето на венчавката на Никола и Бруклин, на која мајката Викторија не смеела да учествува. Оттогаш имало бројни конфликти меѓу двете жени, па со месеци се тврди дека младиот и стариот клан Бекам се во војна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma