Првиот вегански couture фустан: Инспириран е од сладолед, а главната состојка е какао!

popara7 декември, 20221min00
o_27218637_1280 (1)

Во последната година се повеќе познати личности се свртуваат кон одржливата мода, дури и кога избираат гламурозни креации за црвениот тепих. Некои, како принцезата Кејт Мидлтон, посегнуваат по винтиџ парчиња од врвни дизајнери, додека други избираат облека направена од природни или рециклирани материјали.

image

Во оваа втора категорија може да се класифицира и топ моделот Вини Харлоу, која беше една од ѕвездите на вечерта на овогодинешните Британски модни награди во Ројал Алберт Хол.

Манекенката е позната по храбрите модни комбинации, а за оваа прилика избра 3Д креација на холандскиот моден гигант Ајрис Ван Херпен. Станува збор за фустан кој е создаден во соработка со производителот на сладолед „Магнум“, а дизајнерот го претстави во јули како прв вегански фустан во светот.

image

Креацијата е инспирирана од веганскиот сладолед на Magnum, а е создадена од многу иновативен материјал. Имено, тој е целосно направен од лушпи од какао зрна, кои со помош на 3Д печатач биле преработени во органски биополимерен материјал. Тридимензионалниот дизајн, кој е заштитен знак на Ван Херпен, е комплетиран со бакарни украси и акценти со 3Д принт.

Споменатиот фустан Ван Херпен го претстави на нејзината најнова ревија на модната недела во Париз како дел од нејзината најнова колекција.

image

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma