Филмот треба да се појави во кината на 26-ти мај 2023 година.
Дизни го објави првиот тизер за претстојниот римејк на Малата сирена на режисерот Роб Маршал.
Тизерот од 90 секунди ни го нуди првиот поглед на Хали Бејли како Ариел, која накратко ја пее „Part of that world“. Снимката беше премиерно прикажана на „D23“ во петокот.
Играат и Мелиса Мекарти како Урсула, Хавиер Бардем како кралот Тритон и Џона Хауер-Кинг како Ерик. Гласовните актери се Дејвид Дигс како Себастијан, Џејкоб Трембли како Флаундер и Авквафина како Скатл.
Алан Менкен, кој ја компонираше партитурата за анимираниот филм од 1989 година, напиша четири нови песни со Лин-Мануел Миранда за римејкот.
Погледнете го тизер трејлерот:
Слушнете ја песната од оригиналниот филм: