
Дилан и Парис Броснан, синовите на познатиот холивудски актер Пирс Броснан, кој светската популарност ја стекна со улогата на тајниот агент 007 во филмскиот серијал за Џејмс Бонд, конечно ги добија своите пет минути слава.
Нивните имиња се најдоа на годишната листа на сто најсексапилни мажи во светот според магазинот People, а во оваа прилика зборуваа за своите планови и цели и открија дека познатото презиме на нивниот татко им ги отвора сите врати во индустријата.

„Ние сме шампиони на непотизмот, можете да го наречете така. Непотизмот е сеприсутен, а ние користиме познато презиме како еден вид благослов, среќна ѕвезда под која сме родени“, изјави Парис Броснан, која кариерата ја започна во шоу бизнис како модел, а моментално е посветен на својата најголема страст – сликарството.

„Кариерата ја започнав како практикант во мало студио во Јужен Лондон, а потоа добив покана од една швајцарска галерија која сакаше да ги изложам делата на татко ми во Мајами. Секако, ја искористив можноста, па ги поставив и моите покрај неговите дела. Благодарение на презимето на татко ми, не морав да чекам можност со години“, изјави Парис Броснан.

Неговиот постар брат Дилан Броснан е музичар и модел кој соработува со најголемите модни куќи како YSL, Ralph Lauren и други.
„Фер е да се признае дека татко ни не престанува да се грижи за нас и нашите кариери, што ни ја олеснува работата многу. Но, во исто време, тој е најдобриот советник што можеме да го замислиме, а неговите совети се бесплатни за нас. Што се однесува до нас, едноставно не станува подобро“, заклучува Парис Броснан.