Зголемениот холестерол нема никакви симптоми, па затоа е тешко да се „почувствува“.
Високиот холестерол може да донесе низа негативни здравствени ефекти.
Холестеролот се наоѓа во мастите и е потребен за градење здрави клетки, но може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, како и срцев и мозочен удар, пишува „The Sun“.
Ова се случува затоа што високите нивоа на холестерол може да се наталожат во ѕидовите на артериите, намалувајќи го протокот на крв во срцето.
Ова го зголемува ризикот од згрутчување на крвта во телото, како и проблеми со срцето.
Зголемениот холестерол нема никакви симптоми, па тешко е да го „почувствувате“, но можете да забележите еден сигнал во нозете.
Според британскиот Национален здравствен центар, високиот холестерол може да предизвика проблеми со циркулацијата низ телото, вклучувајќи ги и нозете, со блокирање или ограничување на протокот на крв во артериите на екстремитетите. Ова е познато како периферна артериска болест.
Ако ја имате оваа состојба, ќе почувствувате намален проток на крв во нозете што може да предизвика болка, обично за време на вежбање.
Може да почувствувате болка при одење, трчање или дури и само качување по скали.
Овој тип на болка обично престанува кога ќе ја прекинете активноста што ја предизвикала.
Исто така, трнењето во прстите на рацете и нозете може да биде клучен знак за оваа состојба.
Мали испакнатини (ксантоми) може да се појават ако имате висок холестерол, а се појавуваат на рацете и нозете.