Ако и се верува на нумерологијата, денешниот датум, односно 1.1. е многу моќен низ кој има посебна симболика
Според нумерологијата, први јануари е многу важен бидејќи носи можност за исполнување на желбите.
Бројот 11 е кармички, а самиот 1.1. е знак дека треба да ја пронајдете својата цел и тоа ќе ви значи во Новата 2022 година.
Денес треба да посветите повеќе внимание на своите мисли и идеи и треба да бидете пооптимистични. Важно е да верувате во вашите способности! Една од задачите за магичниот 1.1. е да се дистанцирате од сите негативни луѓе во животот, но и да се ослободите од негативните спомени од вашиот ум. Ако го направите ова, ќе бидете слободни, неоптоварени и отворени, па во 2022 година можете да го постигнете она што го сакате, пишува Sensa.
Низот 1-1 позитивно влијае и на љубовниот живот. Нумеролозите откриваат дека на овој ден можат да се решат разни проблеми кои сте ги имале во врската, како и дека можете да се охрабрите за нова љубов. Единствено важно е да ги оставите старите лоши искуства и да станете свесни дека љубовта е најважна работа.