Шпанската кралица Летиција се врати на должност во четвртокот по кратката празнична пауза.
Летиција се појави на традиционалната церемонија во Мадрид по повод Богојавление, национален празник во Шпанија.
Традицијата вели дека кралицата треба да носи фустан до подот за оваа пригода. Летиција затоа избра прекрасен темносин фустан. Фустанот е целосно затворен, а околу половината има машна која ја истакна нејзината силуета. Го искомбинира фустанот со црна кратка бунда. Косата ја собра во елегантна ниска пунџа.
Во еден момент на кралицата и падна брошот на кралицата Ена, па на помош и пријде принцот Филип, нејзиниот сопруг.