Течните кармини донесоа своевидна револуција во светот на шминката, а сите оние кои не можат без интензивно црвени или nude нијанси, сфатија дека карминот не постои само за да остави боја, туку многу е важно како се нанесува, како долго трае, како да се отстрани…
Љубителите на убавината или ги обожаваат или ги избегнуваат, а ако размислувате да ја збогатите колекцијата на шминка со нов кармин, еве неколку причини за и против оние во течна форма:
ЗА:
Течниот кармин лесно се нанесува благодарение на кремастата конзистентност и апликаторот. Совршено се прилепува и на усните и обично има многу интензивна боја.
Течните кармини траат многу долго бидејќи се формулирани така што се сушат по нанесувањето. Тие можат да останат на вашите усни помеѓу четири и осум часа, во зависност од тоа што правите, дали јадете или пиете во меѓувреме. Тие се прилично стабилни, така што дури и мрсната храна често не може ништо да им направи ако обрнете малку внимание.
Од друга страна, некои течни кармини го губат сјајот по неколку часа, но бојата останува додека не ја извадите. Тие се идеален избор за ситуации кога немате време да ја поправите шминката и сакате нешто трајно.
ПРОТИВ:
Недостатоци кои не одат во прилог на течните кармини е губењето на свежината, хидратацијата или сјајот по неколку часа. Бојата останува, но карминот повеќе не е толку интензивен како кога сте го нанеле.
Тие, исто така, имаат тенденција да ги исушат усните, можат да се распукаат и да ја изгубат бојата во наборите на усните. Кога бојата ќе избледе или ќе пукне, можете повторно да ја намачкате, но потоа ќе дојдете во ситуација да го влошите проблемот и да завршите со дебел слој боја и суви трошки.
Во оваа ситуација најдобро е да го извадите и повторно да го нанесете, што често не е можно доколку сте надвор. Освен тоа, често е многу тешко да се отстранат, па следниот ден можат да ги остават усните обоени.