Предупредувачки знаци за срцев удар (видео)

popara14 декември, 20221min00
Screenshot_2

Иако многумина мислат поинаку, срцевиот удар ретко се случува од ведро небо. Поточно, телото се обидува да не предупреди со денови порано, со недели па дури и со месеци, пред самиот удар.

 

 

 

За жал, кога ќе сфатите дека имате срцев напад, може веќе да биде доцна да се спречи смрт или трајно оштетување на срцето.

 

Т.н. тивок срцев напад, со знаци и симптоми кои се умерени или се чинат неповрзани за срцето, долго го загрижувал кардиоваскуларниот експерт Чонси Крендал.

 

Неодамна докторот креирал специјална бесплатна видео репрезентација, за четири лоши предупредувачки симптоми на кои треба да се обрне посебно внимание.

 

Четирите занци за кои зборува др. Крендал се: болка во градите, иако секоја болка во градите не мора да значи и срцев удар. Може да се почувствува болка во вратот, рацете, грбот, дури и вилицата. Вториот знак е потење и мачнина.

 

Третиот знак се проблеми со дишењето, а четвртиот знак е проблем со желудникот.

 

Статистиките покажуваат јасна врска меѓу одложување на лекувањето на симптомите на срцев удар и смрт или заболувања.

 

Поради тоа многу е важно да знаете што сака вашето срце да ви каже со знаците на предупредување кои се прикажани во видеото на др. Крандал.

 

Иако ова видео е правено за едукација, набрзо стана вирален и прегледан е пет милиони пати во само неколку месеци.

 

Таков интерес не изненадува ако се земе предвид дека срцевиот удар е убиец број еден во Америка, каде речиси милион луѓе секоја година доживуваат срцев удар.

 

Во наведеното видео др. Крендал кажува вистинска приказна за човек кој ги занемарил симптомите и за малку не го доживеал она најлошото, смрт.

 

Приказната навистина е страшна, но во исто време и освестувачка и предупредува добро да ги отвориме очите и да не ги занемаруваме знаците кои ни ги испраќа нашето тело.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma