Кејт Мидлтон ја носи титулата на една од најдобро облечените жени во светот повеќе од една деценија, а идната англиска кралица ги привлече сите погледи на семејниот собир овој Божиќ во Сандрингем со своето елегантно издание.
Но изгледа дека актуелните, елегантни изданија на Кејт не се единствениот извор на инспирација. Нејзините изданија од 2000-тите се копираат на TikTok, кога таа беше студентка интересна за британските медиуми поради нејзината врска со принцот Вилијам. Една од најпопуларните е комбинацијата со светки дополнета со ролери, кои ги носеше на дружба со нејзината сестра Пипа и пријателите.
Сите оние кои ги прифатија ретро трендовите, наоѓаат доза на инспирација во младешките модни избори на Кејт.
@remass potential halloween outfit ?? #katemiddleton #queenelizabeth #halloween
Уште повеќе, нејзиниот стил од тоа време е сè уште толку популарен денес што винтиџ апликациите за облека како Depop и Vinted имаат секции „Инспирирани од Кејт Мидлтон“ кои содржат парчиња што лесно би се вклопиле во некои од нејзините изгледи од тоа време.
@remass wishing we were kate in the 00’s ✨ outfits from our depop drop #katemiddleton #thecrown #2000s #fashionfyp
Генерацијата Z ја нарекува „вистинска it-девојка“ и „вечна модна икона“ и се обидува да го пресоздаде нејзиниот изглед. Со оглед на тоа што денес се повеќе се зборува за одржливост и бесмисленост од таложење облека, љубовта на помладите генерации кон аутфитите на принцезата е добра и за околината.
Проверете повеќе од изданијата на Кејт од 2000-тите подолу: