ПРЕД 17 ГОДИНИ ЈА ОСТАВИ ПРЕД ОЛТАРОТ, СЕГА МУ ДАДЕ УШТЕ ЕДНА ШАНСА: Бен Афлек и Џенифер Лопез се свршија! (ФОТО)

popara9 април, 20221min00
274577_profimedia0672907825_ls

Ќе видиме како ќе заврши оваа свршувачка и дали конечно ќе го каже судбоносното „ДА“

Џенифер Лопез ја потврди свршувачката во краток видео клип кој беше споделен со обожавателите кои се претплатија на нејзината официјална веб-страница.

Музичката ѕвезда во петокот на Фејсбук објави дека конечно е подготвена да објави нешто многу важно, а неколку часа подоцна се појави и видео од свршувачката.

На почетокот на неделава се шпекулираше дека Џеј Ло и Бен Афлек планираат да стапнат на „лудиот камен“. Особено откако папараците ја фотографираа пејачката во Лос Анџелес на пазарење бидејќи тогаш дијамантскиот прстен на нејзината рака ги привлече сите погледи.

Џеј Ло и Бен Афлек се запознаа во 2002 година. Со текот на времето, познанството се претвори во емотивна врска, а медиумите воодушевени од парот им го дадоа прекарот „Бенифер“. Во ноември истата година, Афлек ја запроси латино ѕвездата со дијамантски прстен дизајниран од Хари Винстон, чија вредност се проценува на 2,5 милиони долари.

– Тој е тој, се надевам дека наскоро ќе основаме семејство – изјави таа пред свадбата која беше најавена за 14 септември 2003 година во Санта Барбара. Сепак, три часа пред венчавката дојде до шок. Бен ја откажа венчавката.

Dženifer Lopez

– Мислев дека нашата врска е бајка. Сонував за деца, а тој ме понижи како никој друг во мојот живот – призна Џенифер. Бен не ѝ остана должен. Често во интервјуата зборуваше за тоа како се гушел во таа врска и дека медиумите се виновни за нивното раскинување бидејќи постојано биле следени. Тој отиде дотаму што ја обвини дека му стагнирала кариерата поради врската.

– Никој не ми го скрши срцето како тој. Бен ми беше пријател, се познававме со години. Навистина го сакав – рекла таа.

Ќе видиме како ќе заврши оваа свршувачка и дали конечно ќе го каже судбоносното „ДА“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma