Слободно може да се каже дека Орландо Блум е еден од најзгодните мажи во Холивуд
Тој глумеше во најпознатите научно-фантастични филмови и ја докажа моќта на трансформацијата што ја поседува.
За да биде апсолутно подготвен за секоја улога, треба да биде во добра форма, па не се откажува од теретана ни во петтата деценија. Папараците го фотографираа како ја напушта теретаната со својот тренер во Австралија, каде моментално го снима новиот филм „The Wizards“.
Актерот ги покажа резултатите од долгогодишните тренинзи, облечен во црни шорцеви и горен дел во сива боја, па можеме да видиме колку тонирано изгледа.
Според странските медиуми, на Блум во Австралија му се придружила сопругата, Кејти Пери и ќерката Дејзи.