ПРЕКИНУВАЊЕ ПРЕКУ СМС! Ако сте имале кратка романса или ако вашиот партнер живее во странство, во ред е да раскинете преку порака

popara1 април, 20221min00
Screenshot_7

Ниту едно раскинување не е пријатно, особено ако врската заврши со пораки. Психолозите дури и го оправдуваат ваквото завршување со партнерот, бидејќи е побезболно

 

 

– Ако спаѓате во групата на поемотивни луѓе, полесно е да го направите тоа преку пораки, бидејќи тогаш нема да има плачење. Ако сте во врска подолго време, нема смисла да раскинете преку смс. Од почит кон таа личност и годините што сте ги поминале заедно, излезете уште еднаш и кажете си сѐ што ви е при срце – велат психолозите.

 

Меѓутоа, во ерата на социјалните мрежи и мобилните телефони, раскинувањето со пораки станува најнормална работа. Погледнете во кои ситуации е сосема нормално да раскинете на таков начин.

 

Кратка романса

Ако излеговте со партнерот на неколку состаноци и набрзо сфативте дека не сакате ништо повеќе со него, сосема е во ред да раскинете со пораки.

 

– Не е потребно да се прави драма и да се прави долго писмо со сите причини. Ќе биде доволен краток текст кој ја објаснува ситуацијата – велат психолозите.

 

Лоша врска

– Доколку се плашите дека вашата желба за разделба ќе предизвика напад на агресија кај партнерот, тогаш во ред е да ја прекинете врската преку пораки. Ако знаете дека неговата реакција ќе биде непредвидлива, подобро е да ја прекинете врската на овој начин од безбедносни причини – советуваат експертите.

 

Игнорирање

Ако вашиот партнер ги игнорира вашите телефонски повици и не сака да се состане со вас, единствениот начин е да го „откачите“ преку СМС.

 

– Во оваа ситуација, имате целосно право да ја прекинете врската преку СМС порака. Можеби ваквото игнорирање е само показател дека вашиот партнер очекува да направите чекор, а тоа во овој случај е раскинување – објаснуваат психолозите.

 

Сте го фатиле како ве изневерува

Не вреди да се троши време за разговор и слушање објаснувања од личноста која го направила тоа.

 

– Луѓето кои не простуваат измама не треба да го гледаат партнерот за да му објаснат зошто дошло до измамата. Грижете се за нервите и напишете дека сѐ е готово – советуваат психолозите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma