Погледнете како беше во главниот град на Англија
Новиот филм за Бетмен, наречен „Бетмен“, со Роберт Патинсон и Зои Кравиц во главните улоги, доаѓа наскоро. Во Лондон се одржа премиерата на филмот на режисерот Мет Ривс, каде се собраа филмските ѕвезди.
На црвениот тепих блесна главниот актерски пар Зои Кравиц и Роберт Патинсон. Ќерката на рокерот Лени Кравиц, која го толкува ликот на Жената мачка, се одлучи за црн фустан. Од друга страна, Роберт Патинсон, кој го игра Бетмен, се одлучи за костум.
Настанот не го пропуштија и други ѕвезди како Енди Серкис, Пол Дејно, Џефри Рајт, Лорејн Ешборн и други.
Заплетот на филмот се случува кога Ридлер, садистички сериски убиец, почнува да убива клучни политички фигури во Готам. Бетмен е принуден да ја истражи скриената корупција во градот и ја доведува во прашање вмешаноста на неговото семејство.
Филмот „Бетмен“, како што се наведува, во кината ширум светот ќе се најде на 4 март.
Погледнете го трејлерот: