Дали знаете дека предолгото спиење е исто толку лошо како и неспиењето, а можеби уште полошо? Резултатите од една студија на американските кардиолози покажаа дека е важно да се знае дека должината на спиењето треба се менува со возраста.
– Додека на возрасните им се препорачува да спијат седум до осум часа дневно, на младите лица им се потребни меѓу седум и девет часа. Сè што е над или под таа бројка го зголемува ризикот од срцев удар, предупредуваат лекарите.
Како што покажале резултатите, кај оние кои спијат подолго од препорачаните девет часа, тој ризик се зголемува за 34 отсто, додека кај луѓето кои спијат помалку од шест часа дневно, постои 20 отсто поголем ризик од срцев удар.
Селин Ветер, коавторка на студијата, со помош на нејзините колеги, го споредила ризикот од срцеви заболувања кај возрасните на возраст од 40 до 69 години кои спиеле помеѓу четири и единаесет часа навечер. Резултатите покажале дека ризикот од срцеви заболувања се зголемува кај оние кои спиеле помеѓу четири и пет часа, како и кај оние кои спиеле помеѓу десет и единаесет часа навечер.
Губење на концентрација, депресија…
Професор по за психијатрија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Лос Анџелес, д-р Мајкл Ирвин, проценил дека луѓето кои спијат предолго имаат вообичаен симптом на недостаток на концентрација и склоност кон чести промени во расположението.
– Со оваа навика тие се претежно дебели или имаат тенденција да се здебелуваат, а повеќе од 50 отсто од возрасните имаат и дијабетес – додаде д-р Ирвин.
И покрај ова истражување, на самите научници не им е јасно зошто премногу сон влијае на ризикот од срцев удар, но д-р Ветер смета дека предолгото спиење може да биде еден од раните симптоми на некој здравствен проблем.
– Затоа на секој преглед лекарите треба да им поставуваат прашања на пациентите за спиењето, за да се утврди кој од нив има зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, а многу веројатно и од депресивни состојби – објасни д-р Ветер.