
Импулсивното купување е една од најчестите особини на жените
Ако спаѓате во луѓе кои лесно ги трошат парите и не знаат како да ги контролираат своите потрошувачки апетити, па го купуваат она што не им треба, време е да престанете со ваквите навики.
Еден од најдобрите начини да престанете со импулсивно трошење пари на неважни работи е секое непотребно купување да го одложите за 30 дена, советуваат експертите.
Ако по еден месец сè уште сакате да го купите она што веќе сте го наумиле, тогаш дозволете си го тоа на себе затоа што сте имале доволно време да размислите.
Но, доколку во меѓувреме целосно заборавите на шопингот или сфатите дека не ви треба одредената работа, ќе заштедите пари кои непотребно би ги потрошиле. Експертите истакнуваат дека чекајќи да купиме, си дозволуваме да избледат емоциите што сме ги доживеале кога сме го виделе производот што сакаме да го имаме по секоја цена. Така, со текот на времето ќе се намалува импулсот за импулсивно купување и ќе обрнуваме повеќе внимание на она што го трошиме и ќе купуваме „паметно“.