Испржете ги компирите на малку поинаков начин
Ако сакате да бидат крцкави однадвор, а меки одвнатре, пред пржењето треба да ги сварите.
Состојки:
700 гр компири
2 страка праз
3 чешниња лук
половина лажичка мелен пипер
половина лажица ајвар
неколку шери домати
бибер, морско оревче, сув зачин, куркума, лист магдонос
мала коцка рендан кашкавал
масло
Подготовка:
Кромидот исецкајте го и пропржете. Додадете лук, ајвар, пиперка, бибер, морско оревче, зачин, куркума. Додадете ги сварените компири исечени по желба, доматите и измешајте. Покријте и пржете малку. Додадете го ренданиот кашкавал и магдоносот. Покријте да се растопи кашкавалот. Послужете топло.