Али Марш открила бројни сопружници кои изневеруваат во четирите години колку што работи како приватен истражител. Таа неодамна зборуваше за нејзината кариера и за начините на кои можете да забележите ако вашиот партнер има афера
– Еден од моите најрани случаи беше маж кој забележал дека неговата сопруга почнала да се однесува поладно кон него – вели таа и додава дека тој и рекол дека – секоја среда вечер таа излегувала и доаѓала дома многу посреќна отколку што заминала, па се посомневал дека е неверна.
Но, таа вели дека брзо забележала дека нивниот сосед излегува и заминува во исто време со сопругата на нејзиниот клиент, па ги следела и открила дека се во врска.
Според неа, таа најчесто многу брзо го открива неверството, а најдолго што потрошила на таква задача се три недели.
Таа вели дека неодамна и помогнала на една жена да потврди дека нејзиниот сопруг има афера и дека направила уште едно шокантно откритие за него.
Таа објаснува:
-Се испостави дека имал неколку скандали, но во истрагата открив и дека тајно основал фирма, која дефинитивно влегува во заеднички имот при поделбата на имотот по разводот.
Па, таа ги наведе, од своето искуство, четирите најчести предупредувачки знаци дека вашиот партнер ве изневерува.
- Промени во нивниот изглед и гардероба – тоа може да биде знак дека запознале некој нов, бидејќи кога тоа ќе се случи, луѓето често се чувствуваат како да се на нов почеток и вложуваат повеќе во себе.
- Промена на рутината – ако вашиот партнер одеднаш останува буден до доцна на работа, што досега не се случило или излегува во деновите кога во минатото бил дома, тоа може да биде и знак за неверство.
- Одеднаш, теретаната е врвот на денот – ако од почетокот на вашата врска најчесто биле на каучот, а сега одеднаш редовно посетуваат теретана, можеби е време да проверите за каква теретана се работи.
- Примање телефонски повици и излегување од собата кога ќе се одговорат – ова можеби е нешто очигледно, што сите сме го виделе на филмови, но сепак …