Природен лек: Ослободете се од високата температура со ова овошје

popara16 ноември, 20221min00
Screenshot_2

Холестеролот му е потребен на нашето тело во одредени количини. Тој игра важна улога во процесот на варење, производството на хормони и витамин Д. Холестеролот главно се наоѓа во храната од животинско потекло, но и во нашите клетки.

 

 

 

Но, доколку ги надмине дозволените вредности, може да биде исклучително опасно за нашето здравје. Вишокот холестерол има тенденција да се залепи на внатрешните ѕидови на крвните садови, што може да предизвика болести како што се мозочен удар, висок крвен притисок, атеросклероза, срцеви заболувања, болести на бубрезите итн.

 

Затоа е многу важно да се грижите за исхраната и редовната физичка активност, но и да се консултирате со вашиот лекар.

 

Постојат многу народни лекови кои можат да помогнат во намалувањето на маснотиите во крвта. Една од нив е комбинацијата од лимон и лук. Лимонот е богат со витамин Ц, кој ги зајакнува ѕидовите на крвните садови, а содржи и цитрати кои можат да ја подобрат циркулацијата. Лукот е богат со сулфур, кој е одличен прочистувач на крвта.

 

Состојки:

 

  • 300 грама лук
  • 1 кг лимон

 

Подготовка:

 

Добро измијте ја кората од лимон. Излупете го лукот, па заедно сомелете го. Смесата сипете ја во литар и пол зовриена вода, намалете ја температурата, поклопете и оставете да се вари уште 15 минути.

 

Кога ќе се излади, истурете во стаклен сад и поклопете.

 

Се препорачува да се земаат 500 ml секое утро на празен стомак во текот на 25 дена. После тоа, направете пауза 10 дена, а потоа повторете ја постапката додека не се намали нивото на холестерол.

 

Доколку имате одредени здравствени проблеми, најдобро би било да се консултирате со вашиот лекар пред да го испиете овој напиток.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma