Втората сезона на „Џини и Џорџија“ пристигнува на Нетфликс на 5-ти јануари
Повеќето тинејџери знаат како е да се биде во расправија со родителите. Но, кога ја видовме Џини на крајот од првата сезона од популарната серија на Нетфликс „Џини и Џорџија“, нејзината ситуација беше малку покомплицирана. Едно е да не се согласуваш со мајка ти, а сосема друго е да дознаеш дека таа го убила твојот очув поради тебе.
Во последната епизода Џини и нејзиниот брат бегаат од дома, додека нивната мајка Џорџија гордо размислува каков прекрасен и безбеден живот ќе имаат. И кога започнува втората сезона на серијата, ги наоѓаме двајцата во станот на Сион, додека Џорџија (Бријана Хауи) ја поминува ноќта со Пол (Скот Портер) и лаже како не и недостигаат децата.
А сепак, како што продолжува трејлерот, јасно е дека Џини не останува долго со својот татко, бидејќи и неа и Остин ги гледаме во куќата на Џорџија, а мајката и ќерката дури се шегуваат на сметка на убиството. Може ли целото ова искуство да ги зближи на крајот? Или вистината на крајот ќе и одземе преголем данок на Џина? И така се поставува прашањето што ќе направи Џорџија следно – повторно да побегне или пак да убие некого?
Речиси сите ликови од првата сезона ги гледаме во трејлерот за втората, но очигледно пристигнуваат и новодојденци.
Втората сезона на „Џини и Џорџија“ пристигнува на Нетфликс на 5-ти јануари.
Погледнете го трејлерот: