Ретроградниот Меркур пристигнува на 9 септември и најпрвин ќе биде во знакот на Вага, за од 23 септември ќе се врати во Девица.
На некои нема да им биде баш лесно во овој период, а ретроградниот Меркур најмногу ќе влијае на љубовниот живот.
Овен
За Овните пристигаат непредвидени компликации, како и односи кои не ги имаат доволно расчистено во своето срце. Сето тоа ќе им се собере во првата половина на септември.
Ретроградниот Меркур во Вага во септември ќе влијае на романтичните односи, но тоа не е сè. Подгответе се за драма каква не можете да замислите, а која целосно ќе ве затече неподготвени. Ќе се чувствувате како да сте заглавени во проблеми, но знајте дека постои решение. Ќе ви помогне личност од минатото која ќе ви помогне да ги согледате работите од поинаков агол.
Рак
Поради ретроградниот Меркур, Раковите ќе доживеат огномет од емоции. Бурно ќе реагираат на секоја ситница. Кога станува збор за љубовта, постојано ќе се прашувате за некој однос од минатото. Можно е да станува збор за личност со која повеќе немате никаков контакт, па спремни сте да изигрувате детектив и дознаете што сега се случува со неа.
Не заборавајте дека во вашиот живот сега постојат други, поважни личности и овој ефект од ретроградниот Меркур не смее да ве натера да ги запоставите.
Вага
Ретроградниот Меркур е во вашиот знак и најсилно ќе влијае на вашата способност за комуникација. Постојано ќе се чувствувате како вас никој да не ве слуша, не ве разбира или ве сфаќа сосема погрешно. Можете да си помогнете само на еден начин – заборавете на тоа што другите велат.
Мора да бидете искрени кон себе и да не размислувате премногу за тоа што другите мислат или зборуваат зад вашиот грб. Ќе бидете чувствителни на некои ситуации во љубовта, особено ако сте во долга врска.
Риби
Кога станува збор за љубовта, Рибите ќе имаат чувство на збунетост поради влијанието на ретроградниот Меркур. По 9 септември работите ќе се променат. Повторно ќе се отворат старите рани во љубовта, а спомените кои сте сакале да останат засекогаш во минатото, буквално ќе воскреснат.
Исто така, ќе имате проблем поврзан со некој компромис направен со партнерот. Одеднаш ќе имате чувство како да сте насамарени, па ќе се преиспитувате за многу работи. Но, по 23 септември работите ќе си дојдат на своето место.