Еве какви жени мажите најмногу сакаат во кревет!
- Размислувајте „надвор од кутијата“
Љубопитноста и пробувањето нешто ново во кревет ги возбудува мажите. Бидете отворени за нови работи и предложете му на партнерот нешто што досега не сте го направиле во вашите четири ѕида. Ако сте затворени и срамежливи по природа, нема ништо лошо во тоа да гледате еротски филм или да читате книга на оваа тема. Докажано е дека жените учат нови работи гледајќи порно филмови. Разговарајте со партнерот и дознајте што најмногу го возбудува.
- Обрнете внимание на рацете и допирите
Понекогаш за време на интимниот однос, поточно во занес, жените забораваат на допирањето и гушкањето. Рацете играат важна улога и даваат поголемо чувство на интимност и нежност. Допирајте ги и галете ги интимните места и делови од телото кои му даваат најголемо задоволство. На овој начин ќе му дадете до знаење колку ви е убаво со него. Еден од советите на мажите е масажа пред самиот чин.
- Пробајте различни пози
Зошто да не пробате поинаква и нова поза во кревет од вообичаената? Ќе го освежите односот, а и двајцата ќе уживате. Отворено прашајте дали би му било удобно да ги смените малку улогите и да ја смените позата. Ново освежување е секогаш добредојдено.