Разводот на Силвестер Сталоне е комплетен фокус во странските медиуми, а сега се појавија нови информации за причините за неговата разделба од сопругата Џенифер Флавин, а се огласи и самиот актер.
Имено, двојката наводно имала жестока расправија за ротвајлерот, кој славниот актер страсно го сакал, додека неговата сопруга не сакала да попушти.
Сите се прашуваа дали е потребна ваква тривијална причина за развод по 25 години љубов, но изворите дополнително објаснуваат дека Сталоне дури и ја покрил тетоважата на својата сопруга со куче, кое самиот тој го објавил подоцна на Инстаграм.
Флавин беше таа што поднесе барање за развод минатиот петок, а освен тоа, го обвини и славниот Роки за префрлање на имотот од брачните фондови.
Силвестер сакал ротвајлер да го заштити семејството, но неговата сопруга била против доаѓањето на ново куче. Тие се расправале и влегле во жестока расправија, од која на површина излегле бројни прашања, велат извори. Актерот на крајот доби куче и го нарече Двајт, име кое Сталоне го носи во серијата „Кралот на Тулса“. На Инстаграм објави фотографија со кучето и порача: „Двајт, дефинитивно мој вистински пријател. Продолжи да удираш и лаеш“.
Недолго потоа, Џенифер поднесе барање за развод што го шокираше актерот. Тој бил во Оклахома каде што ја снима серијата и видно се вознемирил кога ја слушнал информацијата. Тој бил уверен дека ќе успеат да ги решат разликите.
Сталоне вели дека новото куче не е причината за раскинувањето, иако точно е дека се скарале за кој ќе се грижи за него, со оглед на тоа дека често патуваат на снимање и слично.
– Разделбата во бракот не настана поради толку тривијална причина. Едноставно сите тргнаа во друга насока. Многу ја почитувам Џенифер. И секогаш ќе ја сакам, таа е неверојатна жена. Најслатката личност што сум ја сретнал, изјави тој за TMZ.