Бригадерос се традиционални бразилски чоколадни бомбици. Тие обично се прават од кондензирано млеко и какао
Состојки:
400 гр кондензирано млеко (1 конзерва)
3 лажици какао
1 лажица путер
– за декорација
кокос
чоколадни трошки
сечкани ф’стаци
сечкани ореви
шеќер во прав
какао
разнобојни шеќерни трошки
Подготовка:
Истурете го кондензираното млеко во сад за готвење, додадете ги какаото и путерот и варете на тивок оган со постојано мешање додека смесата не се соедини и почне да се одвојува од дното на тенџерето, околу 10 минути. После тоа тргнете ја од шпоретот и префрлете во поширок сад за побрзо да се излади.
Со мало лажиче се зема топлата смеса и се тркалаат топчиња со големина на мал орев. Украсете ги топчињата по желба. Изборот е огромен, од кокосово брашно до шеќер во прав, ореви, лешници, чоколадо, чоколадни трошки. Многу се вкусни и убави на око.