Пробајте го овој ТРИК за секогаш СОЧНО и меко МЕЛЕНО МЕСО!

popara19 септември, 20221min00
612487_pexels-angele-j-128401_f

Меленото месо додека се подготвува испушта многу течност, па тешко е да се постигне убаво карамелизирање и запеченост, но овој трик ќе го реши тој проблем…

Без разлика дали полните зеленчук со меленото месо или печете ќебапи и колачи, претходно посипете го месото со сода бикарбона, советува готвачката Сара Тане.

– На 450 грама мелено месо додадете четвртина лажичка сода бикарбона и оставете го месото така 15 минути пред подготовката – советува таа.

– Меленото говедско месо испушта многу течност при печењето, па тешко се постигнува убаво карамелизирање и запекување на месото. Некои готвачи го решаваат овој проблем со печење мелено месо во помали количини, но трикот со сода бикарбона го решава тој проблем – вели Сара, додавајќи дека во основа повисоката pH вредност на сода бикарбонара го спречува врзувањето на протеините, а со тоа и губењето на течноста.

– Освен со говедско, трикот треба да работи и со мисиркино, пилешко, јагнешко или дури и колбаси – вели Сара и додава дека сода бикарбоната не само што го спречува исцедувањето на течноста, туку и го прави месото сочно и меко без гумена текстура. Течност се уште ќе има, но поголемиот дел е растопена маст, пишува порталот „The Kitchen“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma