Проверете дали сте зависни од кофеин: Три почетни знаци дека пиете ПРЕМНОГУ кафе

popara19 јули, 20221min00
Kafa-2048x1365

Кога ќе се спомене кафето, секој има своја теорија за тоа колку кофеин е „нормален“, а колку е премногу.

Експертите велат дека консумирањето кафе во умерени количини може да има добри ефекти врз здравјето, како што покажуваат научните студии, но од друга страна, во случај на прекумерно консумирање, може да се развие зависност од кофеин.

Секојдневното консумирање кофеин во прекумерни количини се смета за зависност – толку многу што има негативни последици врз социјалните интеракции, здравјето и другите сфери на животот.

Ако кафето се пие во големи количини, кофеинот може негативно да влијае на срцето, да се зголеми крвниот притисок, а еве некои други последици кои можат да настанат:

– Несоница
– Анксиозност
– Дигестивни проблеми

Кофеинот, исто така, може да ги влоши некои веќе постоечки симптоми на мочниот меур и дебелото црево.

За да се појават какви било негативни ефекти, повеќето луѓе ќе треба да консумираат доста кофеин – четири до пет шолји кафе дневно се прифатливи, но се зависи од тоа колку сте чувствителни на кофеин.

– Истражувањата покажуваат дека оваа количина на кофеин не треба да биде штетна за здравјето на срцето, нивото на холестерол или отчукувањата на срцето – вели Викторија Тејлор од Британската асоцијација за срце.

Од друга страна, консумирањето на кофеин во умерени количини, велат лекарите, штити од дијабетес тип 2, Паркинсонова болест, заболување на црниот дроб, срцев и мозочен удар, па затоа нема причина да се откажете од уживањето во шолја од омилениот пијалок, напротив. .

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma