ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ТРЕБА ДА ГО ФРЛИТЕ ЦЕЛ НЕСЕСЕР: Колкав е всушност рокот на траење на шминката?

popara19 април, 20221min00
Make-up-0174496975

Дали всушност обрнувате внимание на криптичните сликички на пакувањата со шминка со етикети како 3M или 6M, или ја фрлате таквата шминка, кога ќе се истроши или кога ќе се исуши?

Бидејќи „старата“ шминка може да стане почва за размножување на габи и бактерии кои, верувајте ни, не ги сакате на вашето лице, треба малку посериозно да ги сфатиме ознаките на истекување. Доколку ви е тешко да водите евиденција во вашата глава кога отворате производ, ви предлагаме да креирате мал козметички дневник во кој ќе ги запишете таквите информации. Покрај тоа што ќе ви помогне да ги избегнете грозните последици од истрошената козметика, веројатно ќе купите и помалку. Поубава кожа, подебел паричник, повеќе простор во бањата, сите среќни.

Ако сте нешто како нас, сигурно имате некои стари кармини во фиоките во бањата, а ако се плашите дури и да почнете да броите кога сте го купиле, не морате, само фрлете го во ѓубре заедно со изговорите. „Но јас скапо платив за тоа“ и „но таа боја ми одговара толку добро“. Дали би го чувале скапото француско сирење со години откако ќе се расипе? Ете ви. Еве мал едукативен водич за тоа колку долго трае секоја шминка – и, да – време е за големо чистење.

Маскара: 3-6 месеци

Молив за очи: 1 година

Туш за очи: 6 месеци

Кармин: 2 години

Сенки за очи и руменило: 1-2 години

Течна пудра со пумпа: 1-2 години

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag