Итната помош добила повик денеска во 11 часот
Контроверзниот пејач, рапер и актер Арон Картер денеска е пронајден мртов во својот дом во Ланкастер, Калифорнија. Имаше 34 години.
Имено, извори наведуваат дека неговото тело било пронајдено во када, пишува „TMZ“.
Итната помош добила повик денеска во 11 часот. Истрагата е во тек, но засега ништо не укажува дека се работи за убиство.