Уште од првите колекции на Коко Шанел во 1920-тите, жените носат сакоа. Во почетокот тоа беа струкирани модели кои ја следат женската фигура и ги истакнуваат атрибутите, а со текот на времето дамите почнаа да ги комбинираат со панталони и „машки“ да ја истакнуваат својата сексипилност.
Во последниве години, оделата се многу вообичаен избор на познатите жени – од дизајнерки, актерки до членки на кралските дворови и се одлична инспирација за жените ширум светот. Можете да изгледате елегантно во костум и со патики и салонки, како што ги носи оскаровката Кејт Бланшет или шпанската кралица Летиција.
Со кошула и оверсајзд модел како Викторија Бекам, можете да изгледате совршено на деловен состанок или ако планирате вечера.
Најновиот тренд е троделниот костум со елек, кој наместо блуза го носеше актерката Маргот Роби.
Таа неодамна доби комплименти од модните критичари во Њујорк за изборот на панталони со шлиц, кои паѓаат преку потпетиците, и тесен елек и сако префрлено преку рамениците.
– Ефектот е ист како во провокативен фустан – пишува „Харперс базар“.