Густата, луксузна коса која блеска и зрачи со убавина е сон на секоја жена. Но, додека некои се наградени од природата со бујна коса, други се борат со тенката коса која лесно се крши и нема волумен.
Покрај редовната масажа на скалпот, која треба да се прави секогаш кога ќе ја миете косата со цел да се стимулира циркулацијата, фризерите препорачуваат и употреба на маски за коса кои можат да го поддржат зајакнувањето на косата и растот на новите влакна.
Една од маските која е особено популарна оваа есен е таканаречената протеинска маска. Можете да ја направите од состојки кои секој од нас ги има во кујната – јогурт, жолчка од јајце и какао во прав.
Состојки:
100мл јогурт
1 жолчка од јајце
2 кафени лажички какао
Подготовка:
Жолчките изматете ги со вилушка, додадете какао во прав и јогурт, па сè убаво измешајте. Добиената смеса најпрво нанесете ја на коренот на косата и оставете ја да отстои 15 минути.
Потоа нанесете го остатокот од маската на целата коса, завиткајте ја косата со фолија и држете ја така еден час. Исплакнете ја косата со млака вода, измијте ја со шампон без сулфат и нанесете регенератор.
Жолчките од јајце содржат протеини и масни киселини кои и даваат сјај на косата, какаото е полно со селен и цинк, кои се одговорни за одржување на здравјето на скалпот и косата, а јогуртот го стимулира растот на косата, го спречува затворањето на фоликулите и благодарение на пробиотските бактерии, позитивно влијае на густината на косата.
Маската треба да се нанесува два до три пати неделно, најмалку два месеци континуирано за да се видат првите резултати.