Овесната каша е многу флексибилно јадење. Може да се подготви солено или слатко, содржи важни диететски влакна за одржување на здраво варење, богатство од минерали и други хранливи материи. Пред се, добро заситува.
Кога ќе го помешате со овошје и млеко и семки, добивате убав оброк кој ќе ви даде енергија за извршување на сите деловни задачи.
Овесната каша има многу благ вкус, а може да се комбинира со различни состојки за да се добие вкусна комбинација.
На пример, дали некогаш сте пробале да направите чизкејк од овесна каша? Не? Нема проблем, еве еден рецепт кој оука од храна полна со протеини.
Состојки:
150 мл полномасно млеко
75 мл грчки јогурт
40 гр овесна каша
3 лажици намаз со сирење
1-2 лажици мед
1-2 лажици сок од лимон
1 лажица семе чиа или мелено ленено семе
½ лажичка екстракт од ванила
овошје по желба
Подготовка:
1. Сите состојки се мешаат заедно, па кашата се префрла во тегла со капак.
2. Ставете ја теглата во фрижидер најмалку четири часа или преку ноќ.
3. Наутро јадете директно од теглата или префрлете ја кашата во чинија. Добар апетит!