ПРОТИВ АНЕМИЈА: 3 моќни билки кои ќе ви ја подобрат крвната слика

popara2 декември, 20221min00
nettle-tea

Анемијата се јавува кога мал број еритроцити содржат помалку хемоглобин, поради што мозокот, срцето и мускулите добиваат помалку кислород. Затоа анемичните луѓе се чувствуваат психички и физички слаби. Тогаш срцето работи побрзо за да го надомести недостатокот на кислород со поголем проток на крв.

Истражувањата покажуваат дека најранливи се жените за време на менструалниот циклус, трудниците во втората половина од бременоста, младите, како и децата од училишна и предучилишна возраст. Кога ќе се појават првите знаци на анемија, потребно е да се изврши анализа на крвната слика, да се провери хемоглобинот и да се спроведе понатамошна терапија по совет на лекар.

Секако, постојат природни лекови како помошни средства кои можат да го забрзаат процесот на заздравување, а три растенија особено се истакнуваат кога станува збор за подобрување на крвната слика. Во традиционалната медицина, тие се сметаат за главно природно оружје во борбата против анемијата.

Коприви

Од сите растенија на планетата, копривата содржи најмногу железо и затоа, според нашите билкари, таа е број еден во лекувањето на анемија. Најдобро е да се подготви чај од ова лековито растение. Една лажичка листови од коприва прелијте со два децилитри врела вода и оставете да отстои пет минути. Процедете го чајот и пијте го млак. Се препорачува да се пијат три шолји чај дневно пред јадење.

Рузмарин

Рузмаринот не е само ароматичен зачин туку и многу лековито растение кое помага во лекувањето на анемија, особено кај децата. Во шолја зовриена вода ставете една лажичка листови од рузмарин, поклопете и оставете да отстои десет минути. Потоа процедете и пијте три шолји чај на ден пред секој оброк десет дена.

Равнец

Анемичните луѓе можат да пијат и чај од равнец. Ова растение има горчлив и лут вкус, кој доаѓа од танините и есенцијалните масла. Направете мешавина од 25 грама сува трева од равнец и 25 грама коприва. Ставете една лажица од овој чај во половина литар ладна вода, поклопете и оставете да отстои три часа. Потоа малку загрејте го чајот, процедете и пијте по една чаша три пати на ден пред јадење.

НАПОМЕНА: Пред да почнете да пиете чаеви за анемија, консултирајте се со вашиот лекар.