Проширените ПОРИ ви го расипуваат вашиот изглед? Намалете ја нивната видливост во 3 чекори

popara31 мај, 20221min00
Screenshot_4

Можат да бидат и знак за лоша хигиена

 

Голем број луѓе водат битка со проширени пори, кои всушност се сосема природна појава, но и нешто што навистина го расипува изгледот на кожата.

 

Кога порите се проширени, кожата не изгледа мазна, туку нејзината текстура е забележлива.

 

Порите се мали отвори на кожата кои имаат простор за фоликулите на влакната, преку кои нашата кожа дише. Постојат два вида на пори. Некои лачат себум, други пот. Тие ѝ овозможуваат на нашата кожа да остане здрава, да внесе сѐ што ни е потребно во неа, да излезе сѐ што не ни треба. Покрај тоа, порите се одговорни за ладење на кожата и преку нив кожата се хидрира.

 

Просечната возрасна личност има околу 200.000 пори.

 

На нивната видливост примарно влијае генетиката и зголеменото лачење на себум. Исто така, ако има акумулација на нечистотија, себум и траги од шминка во нашите пори, тие ќе бидат повидливи. Стареењето е исто така еден од факторите што влијае на ова, бидејќи производството на колаген во кожата со текот на времето се намалува.

 

Првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе видите зголемени пори е несоодветна нега на кожата и навистина грешите со тоа. Доколку не ја отстранувате шминката и не правите пилинг доволно често, доаѓа до споменатата акумулација на честички во порите. Исто така, за тоа може да бидат одговорни погрешните производи за чистење и нега на кожата.

 

Лошата изложеност на сонце, исто така, може да ги направи порите повидливи, поради што строго се препорачува да вклучите крем со SP фактор во вашата дневна рутина.

 

Некогаш за тоа се заслужни и нашите крвни садови, па миењето со ладна вода понекогаш е моментално решение, за веднаш да се соберат. Сепак, многу е тешко да се дојде до трајно решение и целосно намалување на порите.

 

Штом нашите пори природно ќе станат широки, враќањето назад е речиси невозможно, но можно е да се намали нивната видливост. Пресудна, погодувате, е негата на кожата. Неопходно е редовно да ја спроведувате вашата рутина за нега на кожа, која ќе одговара на вашиот тип кожа.

 

Кремите со заштитен фактор 30, до фактор 50, се првиот чекор во ублажување на видливоста на порите. Во зависност од типот на кожата, се препорачува пилинг неколку пати неделно (минимум 2 пати).

 

Покрај кремата, пожелно е да користите и очила, капи и шешири за заштита од сонце. Салицилна, гликолна и алфа хидрокси киселини, како и ретинол или шминка со благи состојки може да бидат корисни за стеснување на порите.

 

Пред да се нашминкате, задолжително нанесете прајмер кој освен што ја задржува шминката на место, делува и на стеснување на порите.