Психолог тврди: Постојат ПЕТ ФАЗИ на секоја врска, а ако заедно ја пребродите третата, сте ја нашле сродната душа

popara9 септември, 20221min00
Ljubavni-par

Секоја личност ја доживува љубовта на различни начини, затоа не е чудно што ќе ја забележите конфузијата кај секој што ќе прашате што точно е вистинска љубов.

Психологот Џед Дајмонд ги истражува врските и љубовните врски повеќе од 40 години.

Тој откри дека некои луѓе навистина лесно ја наоѓаат вистинската љубов. Ако не сте меѓу нив, не треба да се грижите, бидејќи вистинската и најубава љубов често се појавува кога најмалку ја очекувате.

Освен тоа, Дајмонд открил и дека секоја љубовна врска поминува низ пет фази, полни со подеми и падови и дека секоја од нив претставува одредена пресвртница во развојот на нечија врска.

1. Заљубување

Во почетната фаза, фазата на заљубување и развој на „пеперутки во стомакот“, целото тело е преплавено со хормони, па партнерската врска се гледа преку „розови очила“. Внимание се обрнува само на добрите работи во врската и на доблестите на партнерот, додека недостатоците се игнорираат и не се забележуваат.

2. Станувате пар

Ова е прилично долга фаза која има различни форми. Во оваа фаза, врската станува сериозна, а некои дури и стапуваат во брак. Главната карактеристика на оваа фаза е влијанието што партнерите го имаат еден врз друг и врз животните одлуки.

3. Разочарување

Чувствата почнуваат да слабеат и бледнеат во оваа фаза. Маните на партнерот почнуваат да ви пречат и забележувате ситници кои не сте ги виделе досега. Почнувате да го преиспитувате партнерот, вашите животни одлуки и себеси воопшто.

4. Вистинска љубов

Ако по фазата на разочарување одлучите да се борите за опстанок на вашата врска, таа станува посилна од било кога. Во оваа фаза го прифаќате партнерот таков каков што е, ги разбирате неговите маани и постапки кои претходно не ви се допаѓале. Сите сомнежи за неговите чувства и лојалност исчезнуваат.

5. Знаете дека вашата врска е „онаа“

Во петтата фаза, вашата врска е веќе силна и длабока. Сè што правите заедно и секој момент што го поминувате еден со друг ве исполнува и ве прави среќни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma