Психотерапевтите открија: Пет работи за кои паровите најмногу се караат пред Нова година

popara29 декември, 20221min00
raskid-2048x1365

Ова може да биде исклучително стресен период, а расправиите не се ретки

Многу парови често се караат за време на празниците, а има многу причини за тоа.

Повеќето од нас во ова време се нервозни и во сиот хаос и конфузија што владее, има расправии и гнев, наместо само да уживаме во шармот што го носат празниците. Неколку терапевти открија некои од најчестите кавги кои паровите ги имаат за време на празниците, како и совети како да ги решат.

Семејството

За жал, семејството може да биде една од главните причини поради кои паровите се караат за време на празниците. Секој е на своја страна и не е лесно да се биде меѓу два огна. Вашето семејство сака празниците да ги поминете со нив, а веројатно и семејството на вашиот партнер ги има истите желби.

За да избегнете конфликти, обидете се да се договорите секоја година да ги поминувате празниците едни со други. Или можете да го поминете Божиќ со вашето семејство, а Нова година со неговото. Во основа, секогаш постои решение, важно е да се најде компромис кој ќе ги задоволи двете страни, објасни Беки Витстоун, брачен и семеен терапевт.

Подароци

Не му замерувајте на саканиот ако не ви го дал тоа што сте го замислиле, нема смисла да се лутите и да се расправате за подарокот. Како што веќе рековме, значењето на празникот не треба да бидат подароците. Добро размислете што се крие зад подарокот што ви го дал партнерот. Покажете благодарност дури и ако не ви се допаѓа она што е под елката.

– Некои луѓе едноставно не се многу креативни кога се во прашање подароците, но важно е дека се сетиле и покажале дека се грижат – вели психологот Ен Кроули.

Пари

„Односите можат да станат многу затегнати бидејќи разликите во начинот на кој вие и вашиот партнер се ракувате со парите стануваат очигледни поради трошењето за време на празниците“, вели терапевтот Курт Смит.

Тој исто така вели дека можете да го избегнете проблемот ако однапред разговарате со партнерот за трошоците и се договорите за план за трошење што и двајцата ќе го следите.

Поминување време заедно

Празниците ни носат многу семејни моменти и ако не внимавате, можат да донесат многу проблеми. Повеќето парови всушност добиваат олеснување кога ќе завршат празниците бидејќи можат да се вратат во својот тивок дом, каде што нивните родители не се присутни.

– За да избегнете конфликти, запомнете дека вие и вашиот партнер сте дел од ист тим, па затоа треба да бидете на иста страна. Поминувањето време со вашето или неговото семејство е само привремено, обидете се да останете трпеливи и смирени – објаснува терапевтот.

Домашна работа

Празниците завршуваат како што почнуваат – со чистење. Игличките од елката, хартијата за виткање подароци, трошките од храна и дамките треба да се исчистат и украсите да се отстранат. Нема потреба вие и вашиот партнер да се карате бидејќи не можете да се договорите кога и кој што ќе прави. Единствениот начин да го направите ова без да се расправате е веднаш да ги поделите задачите и секој да си го направи својот дел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma