Работи кои не треба да ги чуваме во домот: Привлекуваат негативна енергија

popara12 јуни, 20221min00
da8d61bcb4400c05ffd80b7f93043a59fd5ce157

Повеќето чуваат работи што не ги користат со надеж дека некогаш ќе им затребаат

Не сите работи што ги имате во домот се неопходни – слободниот и отворен простор е уреден, лесен за чистење, повеќе уживаме во него и нема негативна енергија.

Еве кои работи треба да ги фрлите за да бидете посреќни:

Облека што не ја носите

Додека копавте низ длабочините на вашиот плакар, дали некогаш сте помислиле – „О Боже, заборавив дека го имам ова“. Ако е така, веројатно имате премногу облека што едноставно не ви треба. Прегледајте го вашиот плакар и видете дали имате облека што не сте ја носеле повеќе од една година. Доколку има, продадете ја или подарете, во екстремни случаи фрлете ја. Можете да рециклирате и стари работи, но и да им ги дадете на оние на кои им се потребни.

Стари списанија и книги

Ако сè уште чувате стари списанија, фрлете ги или рециклирајте ги, ова само зафаќа простор, а сигурни сме дека нема да читате бајати весници. Ако имате стручни списанија, продадете ги или дајте ги некому. Истото можете да го направите и со книгите кои не ви се потребни.

Прекумерна декорација

Кога имате многу декоративни предмети, прашината се собира, се таложи и морате почесто да ја бришете. Обидете се да ги задржите во домот само оние работи што ви значат, во вас будат посебни емоции и сеќавања на некои настани. Избегнувајте собирање ситници, тоа негативно влијае на енергијата во вашиот дом.

Работи кои ќе ви затребаат „еден ден“

Честопати чуваме предмети што никогаш нема да ги користиме. И кога ќе се покаже дека ни се потребни, обично забораваме дека ги имаме. Следете го ова правило – ако не сте користеле нешто во последните неколку години. Ако предметот има некаква вредност, продадете го или дајте го на некој што ќе го користи. Ако не, тогаш е време да го фрлите.

Кога ќе го извадите непотребното од домот, немојте повторно да купувате нови работи и да ги трупате во просторот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma