Разделбата на Ким Кардашијан и нејзиното момче е измислена?! Друштвените мрежи се преплавени со теории на заговор – Фановите обвинуваат една личност за сè!

popara8 август, 20221min00
676 (2)

Многумина веруваат дека сето тоа е поради неа!

Во светските медиуми беше објавена веста дека Пит Дејвидсон и Ким Кардашијан ставија крај на деветмесечната врска. Сепак, многумина веруваат дека тоа не е вистина.

Имено, покрај оваа вест, од семејството Кардашијан стигна и една добра вест, дека Клои Кардашијан доби второ дете со нејзиниот неодамнешен партнер, Тристан Томпсон.

Како што е познато, Клои му прости на Тристан, му даде многу шанси, а во ноември минатата година нивното бебе беше зачнато. Меѓутоа, само еден месец подоцна се дозна дека Тристан ја изневерил Клои и дека добил дете со друга жена.

Оттогаш двајцата комуницираа само околу нивната ќерка, што ќе продолжат да го прават за доброто на синот, но не се заедно. Меѓутоа, поради некоја причина, луѓето ја нападнаа Клои, затоа што очекувала второ дете со Тристан, иако бебето било зачнато пред таа самата да дознае за новата измама.

Затоа, на социјалните мрежи се разви теорија дека Ким и Пит не раскинале, туку дека нејзината мајка шири лажни вести за да го оттргне вниманието од Клои.

Крис Џенер е медиумски волшебник и им создаде кариери на своите ќерки, па многумина не би биле изненадени ако таа е вклучена и во ова.

Никој од членовите на семејството се уште не објави ништо, ниту за Ким, ниту за Клои.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma