Луѓето се одлучуваат да направат тетоважа од различни причини, а за многумина тетоважата е идеална алатка за одбележување на одредени важни настани или како потсетник на некои важни личности.
Истражувањата покажуваат дека најголемиот број луѓе посветуваат тетоважа на своите партнери, нешто помалку од нив се одлучуваат за цитат или мотив.
Иако денес технологијата и човечките идеи напреднаа, па луѓето се одлучуваат да сликаат различни делови од телото, мајсторите за тетоважи секако знаат дека интервенциите од овој тип на некои делови од телото можат да бидат многу болни, па дури и опасни.
На прво место е лактот каде кожата е погуста, а тетоважата лесно избледува и ќе треба бројни корекции. Пазувите е исто така болна зона, бидејќи кожата на тој дел од телото е полна со нерви и затоа е многу чувствителна. Истото важи и за колената.
Дланките и прстите се меѓу најпопуларните места за тетоважи. Сепак, експертите не ги препорачуваат бидејќи рацете постојано се изложени на сончева светлина и вода, па тетоважата брзо ќе избледи.
Правењето тетоважа на ребрата е исто така многу болно, а закрепнувањето може да потрае доста долго, особено за жените кои носат долна облека на тој дел од телото.
Тетоважите на лицето исто така не се препорачуваат, бидејќи се исклучително тешки за одржување. Покрај тоа, кожата на лицето е многу чувствителна, па правењето тетоважа е исклучително болно.