Раскинаа Асап Роки и Ријана? Го фатила како изневерува со дизајнерка на чевли која работи за неа

popara15 април, 20221min00
rihanna-rijana0002-830x0

Креаторот на Фенти и светската пејачка ѕвезда Ријана наводно го оставила таткото на своето неродено дете, Асап Роки, откако го фатила во измама со Амина Муади, која е дизајнерка на чевли на Фенти и поранешна девојка на Роки.

Новинар од Париз (@Louis_via_Roma) објави твит кој предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, во кои тој самиот тврди дека бремената Ријана го напуштила Асап Роки поради измама.

Рома без двоумење ги објави своите тврдења на Твитер:

– Ријана и Асап Роки раскинаа. Ријана му раскина откако го фати како изневерува со дизајнерката на чевли Амина Муади – пишува во твит.

Рома додаде дека Асап и Амина излегувале пред неколку години и дека соработувале на колекција на чевли.

Следеа бројни твитови на шокирани и разочарани обожаватели, но повеќето истакнаа дека не им веруваат на тврдењата дека Роки ја изневерил Ријана, како и дека е невозможно тоа да и го направи.

Парот се уште не се изјаснил за овие наводи, а дали врската меѓу еден од најпопуларните парови во светот е завршена, останува да видиме.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma