Обожавателите на семејството Кардашијан-Џенер беа шокирани откако дознаа дека Клои Кардашијан и нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон чекаат второ дете преку сурогат мајка.
Кошаркарот и старлетата планирале бебе пред таа да дознае дека ја изневерил и направил дете со друга жена.
– Можеме да потврдиме дека Тру ќе има брат или сестра и дека детето е зачнато во декември. Клои е неверојатно благодарна на неверојатната сурогат мајка за таквиот благослов, изјави нејзиниот претставник за Page Six, додавајќи:
– Би сакале да побараме љубезност и приватност за да може Клои да се фокусира на своето семејство.
Изворот вели дека и покрај тоа што имаат уште едно дете, Кардашијан и Тристан не се повторно заедно и не разговарале со месеци, освен кога станува збор за родителството.
Турбулентната врска на овој пар трае од 2016 година, а во тој период неколку пати раскинуваа и се смируваа.
Тристан и Клои Кардашијан ја имаат четиригодишната ќерка Тру, а покрај неа, кошаркарот има уште два сина – петгодишниот Принс, кој го имаше со манекенката Џордан Крег и шестмесечниот Тео, кој имал со фитнес моделот Марали Николс.