Американската пејачка и актерка Селена Гомез (30) во својот нов документарен филм „My Mind & Me“ откри дека одлуката да раскине со Џастин Бибер била најдоброто нешто што можело да ѝ се случи.
Таа призна дека и било многу тешко да ја прекине врската од осум години пред јавноста.
– Се чувствував прогонувана од мината врска која никој не сакаше да ја напушти, но потоа едноставно ја преболев. Повеќе не се плашев – призна пејачката и додаде:
– Се чувствувам како да морав да поминам низ најлошото можно скршено срце, а потоа само да заборавам сè за миг, беше навистина збунувачки… Но, само мислам дека мораше да се случи и на крајот, тоа беше најдоброто нешто за мене – додала Селена.
Џастин и Селена беа во врска од 2011 година, а се смируваа и раскинуваа неколку пати до 2018 година.