Емили Ратајковски се отвори за бурните емоции кои ја обземаа поради распадот на нејзиниот брак. На почетокот на оваа година таа го напушти својот сопруг Себастијан Бер-МекКлард, а гласините сугерираа дека тој бил неверен.
Емили ја краси насловната страница на Harper’s Bazaar, во која даде опширно интервју.
“Ги чувствувам сите емоции. Чувствувам гнев, тага, возбуда. Чувствувам радост. Чувствувам леснотија. Секој ден е различен”, искрена е Емили.
Таа откри и дека повторно оди на состаноци, на почетокот на неделава се направени првите фотографии од неа и нејзиното ново момче, диџејот Орацио Риспо.
И кога новинарката Thessaly La Force отворено ја праша дали некогаш се забавувала со Бред Пит – за што наголемо се зборуваше оваа есен – Ратајковски даде криптичен одговор, како што истакна авторот на текстот, бидејќи тоа не го негираше.
„Единственото добро што знам е дека ги чувствувам сите овие работи, што е убаво, бидејќи ме тера да верувам дека се ќе биде во ред“, сподели Емрата.
Иако беше снимена како разменува бакнежи со Орацио, таа не го дефинираше својот љубовен статус. „Одев на состаноци“, рече таа и додаде дека сè уште не отворила апликации за запознавање, но додаде: „Дајте ми време“.
Во младоста одела од врска во врска, како млада манекенка се потпирала на дечковци за да ја заштитат од „предаторите во светот на моделирањето“. Меѓутоа, во оваа промена на партнерите никогаш не размислувала за што ѝ одговара.
„Да користам фраза од TikTok, јас бев како „pick me girl“ во смисла дека не бев многу добра во одлучувањето што ми се допаѓа. Сакав да бидам таа што ја избираат. Ми беше тешко да одам на состанок со некого и да размислувам зошто некој ми се допаѓа или не ми се допаѓа. Би размислувала како ме гледа, што значи тоа, што сакаат од мене, што значи тоа за мојата вредност. Не сум веќе таква. Сега е навистина забавно да се излезе на вечера со некого и да се размислува што тие сакаат и што не“, открила Емили.
Манекенката откри и дека нема свој тип на маж и дека никогаш не била со некој познат или моќен.