Тенисерот Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Чиска Перељо го добија своето прво дете. Во претходните недели и месеци Надал во неколку наврати мораше да се грижи за жена му бидејќи Перељо по одредени компликации заврши во болница.
На крајот се заврши како што посакуваше тенисерот, па Перељо била пуштена од здравствената установа во Палма де Мајорка откако родила син.
Во одредени моменти лекарите размислувале да ја оперираат сопругата на Надал, но немало никаков ризик за нејзиното здравје.
Се шпекулираше дека Рафа ќе го напушти турнирот дури и за време на US Open за да биде со сопругата, но тој не го стори тоа и продолжи да се натпреварува додека не беше елиминиран.
Името на детето е исто како и таткото – Рафаел. Инаку, вториот светски тенисер и неговата избраничка се заедно уште од тинејџерските денови, а шпанската јавност долго време ја интересираше кога ќе формираат семејство.
Надал и Перељо се венчаа пред три години, а во неколку наврати изјавија дека досега обврските на Надал го диктирале ваквиот развој на настаните и во приватниот живот.